Занимливости
Доделени наградите од конкурсот Trash for Art 2015
Дека креативноста нема граници докажаа 110 пријавени дела на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2015, од кои 9 најдобри ги добија највредните награди.
Еколошки ангажираните уметници и креативци ја раскажуваа својата приказна креирајќи со отпад од амбалажа и творејќи во целосна слобода, препуштајќи и се на фантазијата во создавањето на уметничко дело од она во што повеќето гледаат само отпад.
Наградите беа доделени во три категории и тоа поединци, училишта и градинки. Во категоријата поединци првата награда од 30.000 денари му припадна на Дарко Базерко, додека во категоријата училишта 30.000 денари доби ОУ „Браќа Миладиновци“ од Скопје. Во категоријата на градинки, првата награда и припaдна на ЈОУДГ „Борис Трајковски“ од Демир Капија.





