Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТО: Лицата со Даунов синдром ја покажаа својата креативност

Занимливости

ФОТО: Лицата со Даунов синдром ја покажаа својата креативност

Предновогодишната работилница која се одржа вчера во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје, донесе уникатни новогодишни честитки и дружба на македонските дизајнери со лицата со Даунов синдром.

Модните дизајнери Ирина Тошева и Олгица Ѓоргиева, графичкиот дизајнер Емилија Мишова Старова и студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот Универзитет, разменуваа идеи и ги поттикнуваа вештините на лицата со Даунов синдром а компанијата „Линеа“ ги израдува сите учесници со новогодишни пакетчиња.

Работилницата која беше организирана од „Јавна соба“ и Моден викенд Скопје, со помош на активистките Марија Матовска и Росица Колева кои долги години се занимаваат со поддршка на лицата со Даунов синдром, има за цел да допринесе за личниот развој и рамноправен статус на овие лица во нашето општество, како и да покаже дека и покрај својата попреченост лицата со Даунов синдром се со многубројни таленти.

Во Македонија постепено се зголемува бројот на организации и индивидуалци кои посветуваат големо внимание на развој и општествена инклузивност на лицата со Даунов синдром.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.