Магазин
Дознајте што сѐ ќе се случува на третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!
Веќе ги најавивме новите датуми 23-24 септември и новата локација – Градски парк, терени Работнички, па време е да дознаете што се’ ќе се случува на третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!
Оваа година, покрај одличната промена на локацијата – на отворено, третото издание на овој исклучителен настан ќе понуди и одлична, најбогата програма до сега, со мнгоу, многу активности (дури над 70!). Она што е ново е што активностите ќе бидат распоредени на четири сцени на кои паралелно ќе се одвиваат активности – Health Center, Fitness Stage, Wellness Zone и Kids Corner, како и еден анимациски дел со натпреварот OBSTACLE COURSE.
Ако не сте сигурни кога да дојдете, може да издвоиме – задолжително бидете таму за вистинското СПИНИНГ ШОУ во сабота, на 23ти септември, во 12 часот, на Fitness Stage, кое ќе го спроведе единствениот лиценциран центар за Spinning ®, генералниот спонзор на настанот – Sport Inn! Не пропштајте да видите колку минути спининг се потребни за 50 ml цеден сок! ☺




