Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Две дињи продадени во Јапонија за цена од над 25.000 евра (ВИДЕО)

Занимливости

Две дињи продадени во Јапонија за цена од над 25.000 евра (ВИДЕО)

Две дињи од сортатта „јубари“ се продадени на аукција во јапонскиот град Сапоро за цена од 3,2 милони јени (нешто над 25.000 евра).

Со оваа сума на пари, која е доволна за купување на солиден нов автомобил во Јапонија, е надмината досегашната рекордна цена за продажба на дињи од оваа сорта од три милиони јени, остварена пред две години.

Дињите „јубари“ се многу ценети во Јапонија и вообичаено се продаваат за астрономски цени. Овие дињи растат на островот Хокаидо и имаат статус на „заштитен производ“.

Овогодишниот купувач на дињите „рекордери“ е една јапонска фирма за пакување овошје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.