Занимливости
Најкраткиот меѓународен лет трае осум минути
Осум минути – толку трае летот на најновата авио-линија, кој веќе е прогласен за најкраток во меѓународниот сообраќај.
Линијата, која ја пушти авиокомпанијата „Аруба ерлајнс“, ги поврзува Аруба, карипскиот остров под суверенитет на Холандија и градот Пунто Фихо во северниот дел на Венецуела.
Растојанието помеѓу двата аеродроми е само 80 километри, а „Аруба ерлајнс“ за оваа кратка линија го избра „бомбардиер CRJ200“, најбрзиот авион.




