Занимливости
Двојките се караат најмалку два пати за време на годишниот одмор
Поголем дел од мажите и жените кои се во врска признаваат дека се караат најмалку два пати во текот на двонеделниот одмор во текот на летото.
Летувањето е време за одмор и релаксација, но и покрај тоа тензиите меѓу партнерите не исчезнуваат.
Интересно е дека јаболкото на раздорот за време на одморот најчесто е костумот за капење. Според новото истражување, премногу отворените костуми за капење на жените, предизвикува погледи од мажите на целата плажа. Тоа ги „полудува“ близу 2/3 од жените, кои признаваат дека љубомората за време на одморот на море им ескалира.




