Магазин
Џејмс Есквит е најмладата личност која ги посетила сите држави во светот
Младиот Британец Џејмс Есквит до својата 24-та година од животот ги посетил сите 196 држави во светот, благодарејќи на што и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмладата личност на која и успеал тој потфат.
Есквит, роден во Сасекс, но најголемиот дел од животот бил во Лондон, од мал штедел пари, работејќи „ситни рбаоти“ каде и да можел. Кога имал 12 години им ги миел возилата на соседите, а за роденден и Божик барал пари наместо подароци.
До 18-та година Есквит заштедил „пристојна сума“, по што паузирал со школувањето една година и отпатувал со пријателите во југоисточна Азија.




