Магазин
Единствена пукнатина која ги привлекува нуркачите од целиот свет
Националниот парк Тингвелир е едно од најпопуларните места за нуркање во светот.
Нуркачите најмногу ги привлекува пукнатината Силфра затоа што се наоѓа меѓу две тектонски плочи, меѓу два континента: Америка и Европа. Плочите еднаш годишно се одалечуваат една од друга два сантиметри.
Видливоста во водата на Силфра е повеќе од сто метри, што е голема реткост, ако не и единствена на целата планета. Водата тука е студена, 2 до 4 степени Целзиусови во текот на целата година со оглед на тоа дека станува збор за вода од близина на глечерот Лангјокул.




