Занимливости
Европската вселенска агенција сака да гради село на Месечината
Речиси пет децении откако човекот стапна на Месечината, новиот директор на Европската вселенска агенција (ЕСА), Јохан-Дитирх Вернер сега предлага изгради на „лунарно село“ на земјиниот природен сателит.
– Зошто да не изградиме лунарно село, запраша Вернер во обраќањето на Меѓународниот конгрес на астронаутика во Ерусалим, објаснувајќи дека селото на Месечината би можело да претставува замена за Меѓународната вселенска станица и појдовна точка за патување во нова, далечна дестинација, како што е Марс.
Според него, лунароното село би било сместено на делот од површината на Месечината што не се гледа од Земјата и нема да биде во „мрежа од неколку куќи, градски совет и црква“, туку би се работело за меѓународна колонија која би се изградила со помош на роботи и која би се изведувале разни научни мисии.




