Видео
Храброст: За време на настап го скршила носот, но не престанала да танцува
Рускиот талент шоу „Танц“ непланирано доби дополнителна доза на драма, кога младата танчерка Екатерина Кондрашин во текот на настапот го скрши носот.
Екатерина (23) настапи на аудицијата во градот Гелендџик во југозападниот дел на Русија, претставувајќи се со модерна кореографија која во еден момент тргна наопаку.
Имено, во занесот на танцувањето Екатерина со цела сила удри со главата на сцената, но породлжи да игра како ништо да не се случило. По завршувањето на кореографијата беше јасно дека многу крвари.




