Видео
Иднината конечно ја допре сегашноста: Денеска светот го одбележува долгоочекуваниот „Back to the Future” ден
Фановите на филмот „Враќање во иднината“ со години го чекаа денешниот ден – 21 октомври, датумот на кој сегашноста конечно ја стигна иднината, според вториот дел од филмот „Враќање во иднината“.
Култната филмска приказна, во чиј втор дел двајцата главни јунаци пристигнуваат во иднината токму на овој датум, беше инспирација за генерациите што растеа во 80-те и 90-те, но очигледно е популарна и кај денешните тинејџери:
Иднината е сега – светот го одбележува „Back to the Future Day“. Покрај бројните проекции, собири и свечености организирани од фановите, од фамата поврзана со овој ден ќе се обидат да профираат и компаниите Пепси (со посебна, ограничена серија витаминизиран пијалак во мали шишиња) и Најк (со нова верзија од само-врзувачките патики Air Mag, кои се појавуваат во филмот).




