Магазин
Езерото Карачај – туристичка локација или убиствена дестинација?
Езерото Карачај изгледа како идеално место за одмор, но има само еден проблем – оттаму не би се вратиле живи.
Имено, доколку минеме еден час на тоа место, радијацијата во нашето тело би изнесувала 600 рендгени, што е доволно за да не убие.
Езерото е сместено во руската провинција Чељабинск, близу границата со Казахстан и е во склоп на системот за репроцесирање нуклеарен отпад, наречен Мајак, изграден 40-те години од минатиот век.





