Занимливости
Финците сега имаат збор за „ќе се опијанам дома во долна облека”
Инуитите наводно имаат над 400 зборови за снег, а изгледа дека и Финците се поборници на таквиот пристап.
Имено, тие установија нов збор „kalsarikännit” што значи да се опиеш дома во долна облека. Финска направи дури и два емотикона за да го прослави новиот збор, па така не мора на некого да напишете дека сте имале лоша недела на работа и сакате да испиете некоја чашка, туку само да пратите стикер.
Инаку, емотиконите се дел од колекција од 56 емотикони, а сите се направени за подобро да се објаснат некои комплицирани емоции или дејствија и тоа само со една сликичка.




