Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нарачал убиство по СМС, ама го згрешил бројот

Занимливости

Нарачал убиство по СМС, ама го згрешил бројот

Џеф Литл (42) од Вашингтон, САД, имал намери да ја убие својата сопруга и четиригодишната ќерка, но наместо на својот познаник, убиецот именуван како Шајн, му испратил СМС на својот шеф. Бизнисменот потоа итно и дојавил на полицијата, јавува „Метро“.

„Еј, Шајн, како е. Помниш ли дека ми рече оти можеш да ми помогнеш да ја убијам жена ми. Ќе го прифатам предлогот“, гласи пораката на Литл.

Жената е иденификуана како Рода Ми Фунтанила Литл. Преписката од СМС пораките што полицијата ги открила по претресот потоа, ги содржи и сите подробности за тоа каде жената работи и времето кога таа се враќа од работа. Убиството требало да изгледа како грабеж каде што работите излегле од контрола.

Нејзиното животно осигурување изнесува 1,5 милиони долари, па планот бил – по убиството нарачателот и извршителот да си ги поделат парите од отштетата.

По претресот, Литл се правдал дека застрашувачките пораки зачувани во неговиот телефон можеби се случајно испратени од неговата ќерка.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.