Магазин
ФОТОГАЛЕРИЈА: Погледнете ја новата Hugo Boss колекција за пролет/лето 2015
Светот на музиката ги содржи правилните состојки за софистициран и лежерен начин на облекување. BOSS ја гради последната колекција околу оваа инспирација во која формалниот се комбинира со реласкираниот стил на урбана средина. Од половично обрабени до тесно кроени палта – облеката сезонава наоѓа баланс помеѓу строгото и лежерното.
Кроевите се силната страна на BOSS, па така и во оваа колекција може да се најдат перфектно скроени одела, а новитет се деконструираните јакни за лежерен, секојдневен изглед. BOSS се надоврзува на оваа идеја со свеж стајлинг – едноставна маица во комбинација со костум го прави изгледот порелаксиран, а застапени се азурно сината боја комбинирана со пригушено бела.
Квадратните форми се среќаваат во горниот дел на облеката, постепено стеснувајќи се во делот на панталоните. Впечатливи парчиња за сезоната се и двобојните кратки мантили, кожни колеџ јакни, како и поло маици од лесен памук. Пепито, дезен во форма на рибина коска и ригите се доста застапени и го прават остриот изглед неочекувано разигран.













