Магазин
ФОТОГАЛЕРИЈА: Пролетна колекција на брендот Timberland за 2015 година
Колекцијата на Timberland за пролет/лето 2015 e наменета за жени и мажи кои уживаат да го поминат времето на отворено како начин да си ја вратат енергијата, да избегаат од градот, но и да се дружат со пријателите.
Понекогаш ова време поминато на отворено е и во самата урбана средина, но овозможува поединецот за момент да се релаксира и да се изгуби во сопствените мисли.
За пролет/лето 2015, инспирацијата доаѓа од боите на Нова Англија, со патување кое започнува на градските улици, а завршува на морскиот или езерски брег. Патниците, нашите купувачи, поаѓаат на ова патување со колекција која е поразиграна и посмела од било кога претходно. Главните елементи се сепак оние добро познатите – стилот, перформансот и еко-материјалите од кои се направени производите.


















