Видео
ВИДЕО: Епилептичен напад при скок со падобран
Австралиецот Кристофер Џонс за време на скок со падобран доживеал епилептичен напад, но благодарејќи на инструкторот кој го отворил неговиот падобран, успеал безбедно да доскокне на земјата.
Животна желба на Џонс била да стане пилот, но тоа било невозможно бидејќи му била дијагностицирана епилепсија. Откако четири години бил без напади, решил да проба скок со падобран за да доживее барем малку од она што го доживуваат пилотите, јави Еј-Би-Си Њуз.
– Отсекогаш сакав да почувствувам како е да се лета, па бидејќи не можам да управувам со авион, скокот го избрав како алтернатива, изјави 22-годишниот Џонс.




