Занимливости
Французин открил 100 кг злато во куќата што ја наследил
Еден Французин, кој наследил голема куќа од свој роднина, открил во неа 100 килограми злато, сокриено во дното на стар мебел.
Човекот, чиј идентитет не е откриен, открил вкупно пет илјади парчиња злато, во монети, калапи и прачки. Вредноста на златото е проценето на 3,5 милиони евра.
Скриеното богатство било најдено во куќа во Нормандија, во мебел што новиот сопственик се подготвувал да го продаде или да го фрли.




