Видео
Јети „фатен“ на камера во Русија (ВИДЕО)
На социјалните мрежи се шири нова видео снимка од митското суштество наречено јети.
Тоа се случило во руската провинција Башкирија, во планина која се наоѓа на 260 километри југоисточно од провинцискиот главен град Уфе.
Камера поставена во возило во движење случајно снимила како големо бело суштество минува преку патот завеан од снег.



