Магазин
Газираната вода е корисна за организмот
Конзумирањето газирана вода може да биде корисно за организмот на повеќе начини, оти помага при лошо варење и спречува создавање камен во жолчката и бубрезите.
Минералната вода е корисна и за срцето, посочува ново истражување на Фрамингамскиот универзитет.
Кај повеќе десетици илјади луѓе опфатени во студијата, што трае неколку десетлетија, дури и кај потомци на првите учесници, научниците ја следеа и густината на коските. Резултатите говорат дека просечната густина била намалена само кај жените кои трипати неделно пијат засладени газирани напитоци, како на пример сокови.




