Занимливости
ПРЕД КРАЛСКАТА ВЕНЧАВКА: Официјална проба без принцот Хари и Меган Маркл
Организаторите на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл се подготвуваат за денешната проба пред венчавката, без невестата и младоженецот.
Пробата има за цел да ги финализира деталите за главната свеченост, која ќе се одржи в сабота во капелата Сент Џорџ близу замокот Виндзор.
Во рамки на церемонијата е планирано и 25-минутно возење на младенците со кочија. На настанот ќе присуствува и воен контингент, поради повеќегодишната воена служба на Хари.




