Магазин
Град од кал и слама на работ на Сахара
Се смета дека мароканскиот град Аит Бен Хадоу е основан во 757 година, а неговиот основач Бен Хадоу, се уште лежи закопан во гроб зад својот спектакуларен град.
Историски гледано градот се сместил во многу важно место, пресекот на историската Сахарска трговска рута преку која древните трговци превезувале зачини, робови и злато до градот Тимбукту во Западна Сахара.
Многу изворни жители на овој град се преселиле преку реката во посовремени домови, но сепак останале уште неколку семејства кои пркосат на забот на времето и се уште живеат во преку 1000 години стари земјени куќи. Градот е сместен на падините на мало брдо во чие подножје тече река, која во поголемиот дел од годината може да се прегази поради нискиот водостој, т.е. фактот дека изгледа како мал поток во широко корито.




