Магазин
Гугл: Хрватска е најпосакувана земја за одмор
Анализата на пребарувањата на популарниот интернет-пребарувач Гугл покажа дека Хрватска од јуни 2015 година до јули 2016 година била најпосакувана дестинација во светот за патување.
Резултатите покажаа дека 2,71 отсто од сите пребарувања биле врзани за информации за патувања во Хрватска, така што оваа земја го зазеде првото место на листата на најпосакувани дестинации за летен одмор. На второ место се најде Грција со 2.,54 отсто удел во пребарувањата, а Турција и Тајланд го поделија третото место со 2,47 отсто.
Шпанија се најде на четврто место на листата на најпосакувани дестинации со 1,99 отсто пребарувања, а следна е Италија (1.9 отсто), Куба (1.85 отсто), Португалија (1.66 отсто), Малта (1.65 отсто) и САД.




