Ви препорачуваме
Прв подиум за танцување во големата сала во Скопје Мериот Хотелот
Секој детаљ и секој елемент ја прави свадбата да биде најсреќниот ден. Но, најубавите моменти, оние што уште долго се паметат и се раскажуваат се случуваат на подиумот за танцување. Почнувајќи од првиот танц, меѓу младоженците па се последниот, кога веќе свадбата завршува како приказна раскажана низ познати песни, мелодии и танцувања токму на подиумот за танц.
Да се има подиум за танцување значи дека има одредена површина, обележана и благо подигната каде што вистинската маѓија на свадбата се случува. Единствениот ваков подиум е во Скопје Мериот Хотелот.
Овој простор за танцување уште е дополнет и со звучни ефекти, така што свадбата во Скопје Мериот може да се претвори во вистинско и спектакуларно шоу.




