Занимливости
Хит во Русија – пивска јога
Марина Вовченко од Москва е инструкторка по јога и води група од 25 луѓе, коишто го обожаваат нејзиниот уникатен метод – „пивска јога“.
Имено, тие користат пивско шише за баланс и за изведување вообичени јога вежби.
– Сакам на луѓето да им биде пријатно – не само да седнат в бар и да пијат пиво, туку во истовреме и да практикуваат јога, ја истакнува Вовченко својата амбиција.




