Занимливости
Холандија експериментално ќе одобри легално одгледување канабис
Холандската Влада донесе одлука да дозволи експериментало легално одгледување на канабис во десет оштини во земјата.
– Владата реши да дозволи одгледување на канабис за да се процени влијанието врз криминалот, безбедноста, нарушувањето на јавниот ред и задравјето, се наведува во соопштението на холандскиот владин Кабинет.
Согласно одлуката, во следните четири години во десет општини ќе биде овозможено легално и контролирано одгледување на канабис, кој ќе се продава во „кофи шоповите“ низ земјата.




