Изненадување на ЕУРО 2020: Холандија поразена од Чешка
Репрезентацијата на Чешка одигра сјаен натпревар и го победи фаворитот Холандија во борбата за четвртфинале.
Головите беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Томас Холес им донесе водство на Чесите во 68. минута, а конечниот резултат го постави Патрик Шик во 80. минута.
Матијас де Лихт ги става своите соиграчи во големи проблеми откако направи голема грешка, тој во 55. минута беше исклучен по намерното играње со рака.




