Храна и пијалоци
Банана-чоко бомбици: Брз, лесен и евтин десерт кој ќе ги освои сите генерации!
Сакате да ги изненадите најмладите со вкусен десерт, но немате време за сложени рецепти? Ви претставуваме идеја за брз, едноставен и економичен десерт што ќе ги воодушеви децата – чоколадни банана залчиња со бисквити!
🥄 Потребни состојки:
✔ 2 зрели банани
✔ 100 г чоколадо (млечна или темна чоколада)
✔ 100 г мелени бисквити
✔ 1 лажица мед или нутела (по желба)
✔ Шарени шеќерни трошки или кокос (за украсување)
⏳ Начин на подготовка:
1️⃣ Изгмечете ги бананите во сад додека не добиете кремаста смеса.
2️⃣ Додадете ги мелените бисквити и медот (или нутелата) и измешајте додека смесата стане компактна.
3️⃣ Формирајте мали топчиња и ставете ги во фрижидер 15-20 минути да се стегнат.
4️⃣ Во меѓувреме, растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка.
5️⃣ Извадете ги топчињата од фрижидерот, потопете ги во чоколадото и посипете со шарени трошки или кокос.
6️⃣ Вратете ги во фрижидер уште 10 минути – и готови се за уживање!




