Храна и пијалоци
„ХРАНАТА Е ДВИЖЕЊЕ“: Прв „SLOW FOOD салон“ во Скопје
Под мотото „Храната е движење“ на 18 и 19 октомври во хотел „Александар палас“, Скопје ќе се одржи првиот „SLOW FOOD салон“.
Храната е енергија која секојдневно му е потребна на нашето тело. Таа е уживање на трпезата, култура што ги зближува луѓето. Во ерата на глобалната трговија храната е брутално сведена на ниво на стока за економска размена и е моќно оружје во рацете на големите индустрии.
Системот на храната денес станува значајно еколошко прашање за дискусија и акција. Храната е генератор на одржливиот развој на регионите и проверен извор на благосостојбата на производителите. Храната поттикнува промени во свеста кај консументите.




