Нутритивна вредност на супер лебовите
Во маркетите низ државата постои голема понуда и широк асортиман на различни видови лебови, па голем дел од потрошувачите се во дилема како да го изберат најсоодветниот, што ќе одговара на нивниот вкус, а кој во исто време ќе им обезбеди и правилен начин на исхрана?
Интегралните лебови кои се сметаат за подобар избор во исхраната, поради што се застапени и во многу видови диети, се најчест избор на луѓето кои се поборници за здрав начин на исхрана.
Овие лебови се направени од цели зрна жито што е и нивна основна предност бидејќи со обработката житото ја губи својата хранлива вредност.




