Храна и пијалоци
Освежете се во топлите летни денови со детокс вода
Летото е створено за детокс третмани. Детоксикацијата му помага на телото да се ослободи од сите штетни материи. Па, ајде да се подготвиме за топлите летни денови со помош на овој вкусен и здрав детокс сок од краставица и ѓумбир.
Овој сок исто така помага против надуеност, па благодарение на него ова лето ќе изгледате послаби и помлади, а секако и многу поздрави. А што е најважно, истиот е многу вкусен и освежителен. Особено е здрав за детоксикација, затоа што краставиците содржат до 90% вода, па делуваат хидратантно и диуретички. Содржат електролити, витамини А, ц, К и калиум.
Ѓумбирот ја поттикнува дигестијата на храната, ги намалува мачнините и ја елиминира констипацијата. Додека пак, сокот од лимета е одличен извор на витамин Ц и помага против болки во коските. Според некои истражувања сокот од лимета содржи киселини кои ги разбиваат макро молекулите на храната и со тоа ја поттикнуваат дигестијата и го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови. Лутата пиперка/пипер пак, има антивоспалително и антигабично дејство, затоа е одлична за намалување на болките во грлото и за целокупно намалување на болките во телото.





