Храна и пијалоци
5 лесни идеи за идеален и освежителен летен појадок
Ако сте во потрага по лесен појадок за овие топли денови, ние имаме одлични 5 предлози кои ќе ве освежат и ќе ви дадат енергија да го „зграпчите” денот.
Чиа пудинг
Чиа семето е одлична и полновредна намирница која одлично се вклопува за појадок. Три лажици чиа семе содржат дури 12 g влакна што е околу 40% од дневните потреби за внес на растителни влакна. Чиа семето исто така содржат и протеини, односно 3 лажици чиа семе содржат околу 6 g протеини, добар извор е и на омега-3 масни киселини и на магнезиум.
Чиа пудингот кој е многу актуелен во последно време се подготвува навистина едноставно.









