Храна и пијалоци
Посни колачи од италијанска слаткарница – „дамски бакнежи“ што ќе ве освојат (РЕЦЕПТ)
Во деновите на пост, многумина мислат дека треба да се откажат од десертите. Но вистината е сосема поинаква – посните колачи можат да бидат неверојатно вкусни, а понекогаш и подобри од класичните.
Еден од најпопуларните рецепти во Европа се малите италијански колачи „Baci di dama“ или „дамски бакнежи“, ситни топчиња што се лепат со чоколадо или џем. Тие се толку мали што се јадат во еден залак, а нивната текстура е нежна и ронлива – буквално се топат во уста.
Добрата страна на овој рецепт е што сè се меша во една смеса, се формираат топчиња, се печат и на крај се спојуваат. Нема комплицирани чекори, а резултатот е десерт што изгледа како од слаткарница.



