Магазин
Илјадници тиркизни лагуни среде бела пустина (ФОТО)
Сезоната на дождови во бразилскиот Национален парк Ленсојс Маранјенисис е мошне тешка. Од јануари до јуни секоја година има многу силни бури, но пустината потоа се претвора во вистински рај.
Од јули до септември секоја година откако дождовите ќе се смират, во Ленсојс Маранјенисис (на португалски „чаршавите на Марањаоа“) може да се најдат илјадници тиркизни лагуни и бели песочни „плажи“.






