Занимливости
„Џим Вилсон“ е шифра во авиосообраќајот која нема убаво значење
„Џим Вилсон“ е шифра во авиосообраќајот, која нема убаво значење. Малку е познато дека авиокомпаниите годишно превезуваат и по некколку илјади тела на луѓе, кои починале надвор од нивните матични земји, а ги сместуваат во бункери на леталото, поточно под седиштата на патниците.
Со цел пилотот и екипажот во комуникацијата да го избегнат користењето на зборот „леш“ во авиокомпаниите ширум светот најзастапена е шифрата „Џим Вилсон“.
На тој начин екипажот полесно може да комуницира со властите и погребалните претпријатија. Сепак не го користат сите компании овој израз. Некои велат и ХР (HR – human remains), но и покрај тоа го користат името Џим во комуникацијата.




