Занимливости
Истражете ја Македонија со новата кампања на Групер
Водечкиот сајт за групни попусти и лидер во е-трговија Групер денес ја лансираше најновата кампања со попусти на локални патувања, „Дестинација Македонија“.
Кампањата, која нуди избор од над 100 зделки за локални патувања по неверојатно ниски цени, на корисниците ќе им докаже дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта и ќе им ги покаже сите „скриени“ места и активности кои сè уште не ги знаат.
Патувачите оваа сезона ќе имаат прилика да уживаат во огромен број на локации и доживувања – од прекрасната природа на Берово и Маврово, релаксирачки спа-центри во Струмица, вкусна храна и добро вино во Демир Капија, па сè до јавање коњи во Галичник.




