Магазин
Бесконечни мирисливи можности со новиот парфем „Eve Duet“ на Авон
Холивудската актерка Ева Мендез е новото лице на мирисливиот бренд кој содржи блескав и жив цветно-овошен мирис, како и сензуален и заведувачки дрвно-цветен мирис, за бесконечни интригантни комбинации.
Ако нашиот избор на облека е одраз на променливото расположение секое утро, зошто тогаш да не се искажеме себеси и преку мирисот, исто така?
Со многу прекрасни, интригантни, секогаш променливи аспекти кои ја градат личноста на една жена, само еден парфем може да биде недоволен за да го искаже сето она што сме. Avon ја слави мулти-димензионалноста на модерната жена со лансирањето на Eve Duet – карактеристичниот двоен мирис. Двата мириси се дизајнирани да бидат во совршена хармонија, да се користат одделно или нанесени во слоеви заедно за да создадат бесконечни мирисливи комбинации и можности. Од блескавиот и жив цветно-овошен мирис, до впечатливиот и заводлив сензуален дрвено-цветен мирис, Eve Duet нé води на едно екпериментално патување, негувајќи ги контрастите и спротивностите кои ги поседува жената.





