Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Изгубениот град“ кај Закинтос – природен феномен

Магазин

„Изгубениот град“ кај Закинтос – природен феномен

„Столбовите“, „ѕидовите“ и „поплочените улици“ откриени на морското дно во близина на грчкиот остров Закинтос, за кои се претпоставуваше дека се остатоци од одамна „изгубен град“, всушност претставуваат форми создадени по природен пат, објавија грчките медиуми.

Т,н, „Изгубен град“ беше откриен од група нуркачи пред три години, но сега откако грчки и британски научници го истражија локалитетот, утврдија дека не станува збор за никаков древен град потопен од морето.

Научниците, предвиодени од професорот Џулијан Ендрјус од Универзитетот на Источна Англија, утврдија дека формите на локацијата се создаден од минерални наслаги од микроби, кои се хранат со метанот што излегува од пукнатините на морското дно.

Ваквиот процес во науката е познат како конкреција и според истражувачите, тој на локалитетот кај Закинтос трае веќе околу пет милиони години.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.