Занимливости
Кое е најбезбедно седиште во авионот?
Произведувачите на авиони наведуваат дека постојат многу мал број докази, кои покажуваат дека во случај на авионска несреќа е важно на кое седиште седите.
– Тоа прашање е старо колку и времето. Едноставно не постои точен одговор, велат експертите во оваа област.
Од друга страна студија од 2007 година, која ја спроведе групата „Популарни механичари“, анализирајќи ги сите авиониски несреќи, со жртви и преживеани лица, од 1971 година досега, октрила дека задните седиште зад крилата се најбезбедни.




