Магазин
Кои соби во хотелите се најбезбедни?
Списанието „Travel + Leisure“ изврши истражување на темата која хотелска соба е најбезбедна.
Роб Вокер, директор на Одделот за патничка безбедност на компанијата „International SOS“ во Лондон, наведува дека доколку патувате во САД, најдобро е да резервирате соба, која се наоѓа меѓу првиот/вториот и шестиот/седмиот кат.
Тие соби се доволно оддалечени од главниот влез за да бидат цел на крадците, а од друга страна доволно се близу до тлото за да можете да скокнете во случај на пожар, напад или каква било несреќа.




