Шоубиз
Поранешниот член на One Direction, Лиам Пејн, пронајден мртов во Буенос Аирес
Лиам Пејн, поранешен член на глобално популарната поп група One Direction, почина на 31-годишна возраст.
Полицијата во аргентинскиот главен град Буенос Аирес соопшти дека Пејн паднал од третиот кат на хотелот Каса Сур во квартот Палермо во средата. Телото на Пејн било пронајдено во внатрешниот двор на хотелот. Тој се здобил со „екстремно сериозни повреди“ и бил прогласен за мртов на местото на настанот.
Во изјава за медиумите, Пабло Поличикио, портпарол на Министерството за безбедност на Буенос Аирес, рече дека полицијата била повикана во хотелот како одговор на пријава за „агресивен човек кој би можел да биде под дејство на дрога или алкохол“.




