Магазин
Кока-кола го лансираше својот прв алкохолен пијалок во Јапонија
Светскиот бренд Кока-кола денеска во Јапонија го лансираше својот прв алкохолен напиток со вкус на лимон, а во три верзии, во обид да придобие нови потрошувачи, објави Би-Би-Си.
Новиот производ на Кола-кола, што од компанијата го опишуваат како „единствен во својата 125-годишна историја“, е наменет за младите, посебно за женскиот пол. 3асега, како што е планирано, новиот пијалок ќе се продава само во Јапонија.
Согласно традицијата на компанијата, рецептот е строго чувана тајна, но се знае дека пијалокот е правен врз основа на популарната јапонска напивка Чу-Хи – мешавина од тамошен постар алкохолен производ и неколку овошни вкусови.




