Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Двојникот на Ким Џонг-ун позираше за „селфи“ во Сингапур

Занимливости

Двојникот на Ким Џонг-ун позираше за „селфи“ во Сингапур

Граѓаните на Сингапур денеска беа изненадени, откако го забележаа севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун како се шета по улиците на градот, се додека не сфатија дека мажот со црна коса, кој позираше за самоклик, односно „селфи“ фотографии во близина на познатиот хотел „Марина Беј Сендс“, е само неговиот двојник.

– Тој изгледаше како вистинскиот Ким Џонг-ун, но подоцна сфатив дека не е тој, рече Сагар Адмуте, кој во Сингапур пристигнал од Мумбаи, откако направи неколку „селфи“ со двојникот на лидерот на Северна Кореја.

Мажот со австралиско-кинеско потекло, кој позираше претворајќи се дека е лидерот на Северна Кореја, се нарекува себеси Хауард Икс, но вели дека е во Сингапур за да посака успех на самитот на Ким и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој е со цел да се стави крај на нуклеарната програма на Северна Кореја .

– Тие ќе станат најдобри пријатели веднаш по оваа средба, изјави Хауард Икс, откако Трамп навести дека продолжуваат подготовките за самитот на 12 јуни, иако претходно ја откажа средбата.

Хауард Икс се претставуваше како Ким и на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја во февруари оваа година, кога ги збуни чирлидерките на Северна Кореја, кои мислеа дека лидерот на нивната земја присуствува на хокеј натпревар.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.