Занимливости
„Кока-кола“ ќе произведува алкохолен пијалак во Јапонија
Компанијата „Кока-кола“ првпат во своето 130-годишно постоење ќе почне со производство на алкохолен пијалак, објави „Бизнис инсајдер“.
Во моментот команијата експериментира со производство на популарниот јапонски вид на алкохол „чу-хи“, кој се состои од ароматизирана газирана вода измешана со локалниот алкохолен пијалак наречен шочу.
Директорот на „Кока-кола“ во Јапонија , Хорхе Гардуњо изјави дека се уште ја истражуваат можноста за производство на алкохолниот пијалак и дека „чу-хи“ е насоката кон која би се движеле.




