Занимливости
Рожер Федерер и Бил Гејтс непобедлив тандем
Најдобриот светски тенисер, Рожер Федерер, во двојка со еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, учествуваше на хуманитарниот турнир во Сан Хозе во американската сојузна држава Калифорнија.
Тие на теренот се соочија со двојката составена од најдобриот американски тенисер во моментов Џек Сок и новинарката од телевизијата Ен-Би-Си, Савана Гутри.
На хуманитарниот турнир беа собрани 2,5 милиони долари, а средствата се наменети за образование на децата во Африка.




