Занимливости
Кучињата можат да „намирисаат“ лоши луѓе
Секој сопственик на куче се соочил со случај да се сретне човек, кој без очигледни причини провоцира лаеж на неговиот миленик.
Постои причина за оваа реакција, а таа е дека кучињата можат да ги „намирисаат“ лошите луѓе.
Ние всушност ретко сфаќаме што навистина претставува носот на нашиот најдобар пријател. Додека ние, луѓето, имаме само околу шест милиони мирисни рецептори, нашите четириножни миленици имаат околу 300 милиони. Значи, дел од нивните сетила на мирис се 40 пати посилни од човековите.




