Магазин
Ливињо – Рај скриен во планините
Ливињо е една од најголемите и највисоките скијачки реони во Италија. Сместен меѓу две планини на самата граница со Швајцарија, тој е идеално место за семејно скијање со вкупна должина на патеките од 115 километри.
Ливињо настанал од три села, кои со текот на времето се споиле во единствена целина, крај четири километри долгиот пат.
Ова скијачко место е опкружено од двете страни со голем број патеки и ски-лифтови. Благодарение на надморската височина од 1.816 метри Ливињо има доволно снег во текот на целата зимска сезона, но и покрај тоа е опремен со машини за произведување снег за повеќе од 80 отсто од патеките.




