Занимливости
„СИН ПОНЕДЕЛНИК“: Денес е најдепресивниот ден во годината
Официјално, понеделник, 15. јануари е прогласен за најдепресивниот ден во годината, кој инаку се нарекува „Син понеделник“. Обично тоа е третиот понеделник од почетокот на годината.
Датумот е „одреден“ од страна на психологот Клиф Арнал.
Причините за депресијата се целосно објективни. Досега сите сме си ги прекршиле нашите новогодишни ветувања за промени. Телото ни е изморено од декемвриско- јануарските гозби, а паричниците ни е страв и да ги отвориме.




