Занимливости
ЛУДА НОЌ: Како да го победите мамурлакот?
Иако не треба да се претерува со алкохолот, сепак многумина Новата 2016 година ќе ја дочекаат со чашка во раката. Но наместо утре да се разбудите со страшна главоболка, пред конзумирањето алкохол, преземете ги овие едноставни чекори.
Што да јадете?
Подобро се спречи отколку да се лечи. Алкохолот ни ги одзема витамините Б и Ц од телото, па пред да почнете да пиете внесете храна богата со овие витамини, житарки, компири, банани, лути пиперчиња, киви, брокули, јагоди и портокали. Млекото исто така помага во апсорбирањето на алкохолот, а коктелите кои содржат сокови на пример џус-вотка, ви пружаат хранливи состојки и додека пиете.




