Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Макрон бара багетот да се најде на листата на УНЕСКО

Занимливости

Макрон бара багетот да се најде на листата на УНЕСКО

Претседателот на Франција, Емануел Макрон побара популарниот француски леб багет да биде вклучен на листата на културно богатство на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО).

– Целиот свет го сака багетот, изјави Макрон, поддржувајќи ја идејата на група француски пекари овој леб да се најде на листата на УНЕСКО.

Француските пекари беа поттикнати на оваа идеја откако минатата година на листата на нематеријално културно богатство на УНЕСКО беше вклучена италијанската неаполска пица.

Според пекарите, багетот не се карактеризира само по неговата форма и име, туку и по специфичниот рецепт за негова изработка.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.